Црковен термин - категорија

обредник повеќе

мн. обредници
Вид збор: Именка, машки род
Црковна книга која содржи молитви и активности поврзани со определени верски обреди и ритуали.
Англиски: breviary Албански: libër kishtar
Свештеник што врши обред.
Англиски: officiant Албански: prifti i cili mban liturgji

одежда повеќе

мн. одежди
Вид збор: Именка, женски род
Облека на свештениците.
Англиски: cassock Албански: veshje prifti, veladon
Примери:
Свештеничка одежда.

окае повеќе

окаат
Вид збор: Глагол, свршен
Искупи грев со каење.
Албански: pendoj
Примери:
Отиде во манастир да ги окае гревовите.

октоих повеќе

мн. октоиси
Вид збор: Именка, машки род
Православна црковна книга во која литургиското пеење е во осум гласови.

олтарен повеќе

Види и: олтарски (прид.)
олтарниот
Вид збор: Придавка
олтарски
Примери:
олтарен простор, олтарен покрив

омрси повеќе

омрсат
Вид збор: Глагол, свршен
Во време на пости даде некому да касне мрсно.
Албански: prish agjënimin
Примери:
Домаќинката му даде пита со јајца и го омрси, не знаејќи дека тој пости.
(се омрси) Касне нешто мрсно за време на пости.
Албански: lëmoj

опее повеќе

опејат
Вид збор: Глагол, свршен
За свештеник - одржи опело.
Англиски: sermonize Албански: predikoj

опело повеќе

мн. опела
Вид збор: Именка, среден род
Црковен обред - за покој на душа на умрениот.
Англиски: sermon

опкади повеќе

опкадат
Вид збор: Глагол, свршен
Искади, окади со темјан, обично при верски обичаи.

ортодокс повеќе

мн. ортодокси
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на ортодоксната црква.
Англиски: orthodox Албански: ortodoks

осана повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Чест рефрен во старите еврејcки молитви пеени во поворка; литургиска песна.
Англиски: hosanna Албански: hosana
Восторжено воспевање.

освети повеќе

осветат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи со извршување црковен обред, нешто (вода, црква, куќа) да биде свето.
Англиски: consecrate Албански: shenjtëroj
Примери:
Владиката ја освети оваа црква.

отец повеќе

мн. отци
Вид збор: Именка, машки род
Второ именување на Бог.
Англиски: god Албански: zot
Примери:
Бог е отец на сите оние што живеејќи според Божјите заповеди стануваат синови Божји по благодат.
свештено лице
Англиски: father Албански: at
Примери:
истакнати црковни отци

откровение повеќе

мн. откровенија
Вид збор: Именка, среден род
Вистините што Бог им ги открива на луѓето за Себе, за светот, за човекот, за смислата на своето поcтоење, за животот и за спасението.
Англиски: revelation Албански: shpallje
Примери:
Откровението е главен извор на сознанија.
Пророчка книга на св. апостол Јован Богослов, со која завршува Библијата.
Англиски: revelation Албански: shpallja
Примери:
Откровение на Јован Богослов.

отпадне повеќе

отпаднат
Вид збор: Глагол, свршен
Ја напушти верата.
Англиски: apostatize Албански: ndroj
Примери:
Тој отпадна од нашата вера.

отпее повеќе

Види и: пее (несв.)
отпеат
Вид збор: Глагол, свршен
Отслужи литургија, прочита молитва.
Албански: këndoj dovë
Примери:
Попот отпеа на гробот.

отпуст повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Благослов, завршна молитва што свештеникот ја кажува на крајот од едно богослужение на царските двери, свртен кон народот.
Англиски: benediction Албански: uratë
Примери:
Таа секогаш в црква седеше до отпуст.

отслужи повеќе

отслужат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши црковна служба.
Англиски: celebrate Албански: celebrim, shërbim kishtar
Примери:
Отслужи литургија.

отшелник повеќе

мн. отшелници
Вид збор: Именка, машки род
Монах во христијанско православна заедница што живее одвоен и самотен живот заради соединување со Христос.
Англиски: hermit

отшелништво повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Начин на живеење кај одделни членови на христијанската православна заедница; одрекување од животот и брачната заедница во име на Христос.
Примери:
Отшелништвото е карактеристична особина на житејните јунаци.

оче повеќе

Види и: отец (м.)
Вид збор: Именка, машки род
Вокатив од отец
Англиски: father
Примери:
Оче наш...
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч